Вечерва со почеток во 22 часот Владимир Четкар ќе одржи концерт во кафе барот „Аквариус“. Овој концерт ќе биде трет по ред ова лето во Охрид и последен за оваа летна сезона.
Охриѓани и туристите ќе можат да уживаат во авторската музика на Четкар која ќе биде изведена во нови музички аранжмани додека музичката екипа која ќе го придружува Четкар ќе биде составена од Демир Кантуровски на Труба, Борислав Веселинов на Тенор Саксофон, Филип Стевановски на Тромбон, Ѓоле Максимовски на Бас и Виктор Филиповски на Тапани.
Четкар набрзо после овој концерт заминува на есенска турнеја во САД во државите Мичиген, Илиноис, Охајо и Висконсин.
OhridNews