Дискорама, една од најквалитетните музички радио програми од Аргентина своето 278-мо издание ќе го посвети за музиката и животниот пат на македонскиот композитор, аранжер, продуцент, вокалист и гитарист, Владимир Четкар.
Во емисиите на Дискорама гостувале некои од најлегендарните светски продуценти и музичари на популарната музика.
Во ексклузивното интервју Четкар зборува за неговите музички почетоци во Охрид, Македонија, студентските денови во Беркли, соработката со познати светски музички куќи и продуценти како и професионалната кариера како кантавтор и фронтмен која го однесе на некој од најголемите музички фестивали и џез клубови во светот.
Емисијата ќе се емитува овој петок во 22 часот (средно време по Гринич) на фрекфенцијата на Радио Култура од Буенос Аирес ( http://www.fmradiocultura.com.ar/ ).
На 13 Јули во Охрид на плажата Бонанца, Владимир Четкар пред македонската публика ќе одржи концертна промоција на својот трет студиски албум ‘GOING HOME’. Концертот е дел од манифестацијата Вино и Џез кој оваа година ќе одржи јубилејно, петто издание.
OhridNews