Владимир Четкар викендов ќе го промовира новиот видео запис за песната „Time Goes By“ која се наоѓа на неговиот втор студиски албум „Heavenly“. Видео спотот е сниман на некој од најшармантните локации на Менхетен, Њујорк и е во режија на Боби Дојчиновски.
Песната „Time Goes By“ е комплетно авторско дело на Четкар и е снимана со жива гудачка, дувачка и ритам секција во познатото њујоршкото студио „Dubway Studios“. Веднаш потоа Четкар заминува во САД каде има концерти во Детроит во Петок, 18 Септември во „Music Hall Jazz Cafe3 и Чикаго во Сабота, 19 Септември во „BAR 63“. На концертите Четкар ќе биде придружуван од Хоакин Гарсиас на клавијтури, Кит Лајлс на бас и Густаво Кортинас на тапани.