Во среда на 19-ти ноември 2014 година Владимир Четкар ќе одржи концерт во Скопје. Според најавите концертот на кој ќе биде промовиран новиот албум „Heavenly“ ќе се одржи во „СТАНИЦА 26“.
Четкар ќе настапи со Секстет и со Трио, а ќе биде придружуван од Оли Јосифовски на Бас, Гоце Стевковски на Тапани, Сенад Усеин на Труба, Филип Стевановски на Тромбон и Борислав Веселинов на Тенор Саксофон.
Билетите за концертот на Четкар можат да се купат во кафе бар „Кала“ по цена од 200 денари, додека пак албумот „Heavenly“ ќе можат да се набави во продавницата „½ Југотон“ во Скопје.
Веднаш по концертот, Четкар Патува за Њујорк каде на 25-ти ноември го очекува снимање за новиот музички проект на Боб Синклар и Димитри Фром Париз.
OhridNews