Владимир Четкар ќе одржи концерт во Скопје во ноќниот клуб „Миднајт“ утревечер на 4-ти декември со почеток во 23 часот.
Настанот е подржан од Амстел, а се одржува непосредно пред заминувањето на македонскиот џез, соул и фанк музичар во САД каде го очекува турнеја и студиски снимања.
На концертот во Скопје Четкар ќе биде придружуван од Сенад Усеин на труба, Филип Стевановски на тромбон, Борислав Веселинов на тенор саксофон, Дионис Стратров на бас и Виктор Филиповси на Тапани.
Инаку Четкар на светскиот музички пазар неодамна се промовираше заедничкиот сингл Love is the Answer на светски прочуените француски Ди Џеј-Продуценти Боб Синклар и Димири Фром Париз каде Четкар беше задолжен како аранжер на оркестралните секции.
OhridNews