Владиката Дебарско-кичевски г. Тимотеј ќе биде дел од црковната делегација, што наскоро ќе ја посети Москва. Целта на посетата на Руската православна црква е продолжување на диплометаската офанзива на Македонската православна црква за признавање на афтокефалниот статус и името на МПЦ.

Покрај владиката Тимотеј, делегацијата ја сочинуваат уште и митрополитот преспанско – пелагониски и администратор на австралиско новозеландската епархија г.Петар и митрополитот повардарски г.Агатангел. Портпаролот на Синодот г.Тимотеј, рече дека датумот на посетата се уште не е утврден, иако од руската страна е потврдено дека делегацијата ќе биде примена од рускиот митрополит Кирил одговорен за Одделот за надворешни работи на РПЦ.

Г. Тимотеј најави дека ќе бидат побаран и приеми да се посетат и Атинската архиепископија, Романската и Бугарската православна црква, за што во текот на неделава ќе бидат испратени писма.Претходно делегација на МПЦ, во чиј состав беше и владиката Тимотеј ја посети Цариградската патријаршија.