Покачувањето на цените на услугите кои ги нуди Македонската правослвна црква, според митрополитoт Дебарско-кичевски г. Тимотеј, е оправдан потег, затоа што цените не биле корегирани долг период, а трошоците растеле.

-Тоа e нормално затоа што 6-7 години не беа покачени цените, а се оди напред. Свештенството од тоа живее и мора да се има предвид. Во тие цени влегуваат и такси за црквите не само за свештенството.-изјави во телефонски разговор владиката Тимотеј.

Тој рече дека освен венчавката, која поскапе за 500 денари и сега чини 5000, цените на другите услуги во црквите под Дебарско – кичевската епархија останале непроменети.

-Оној што плаќа секогаш му е скапо, оној што продава секогаш му е евтино, јас не можам да тврдам дали е скапо или евтино се е релативно. И лебот е скап за оној што нема, оној што има не го ни купува.-додаде владиката Тимотеј.

Одлуката за поскапување на цените на црковните услугите ја донесе Синодот на МПЦ.

Г.М.