Познатиот српски кошаркар Владе Дивац свечено ќе се прости од активното играње кошарка на манифестацијата која на 22 септември ќе се одржи пред Народноното собрание во Белград.
На хуманитарната приредба ќе учествуваат и други прославени кошаркарски имиња како: Дино Раџа, Тони Кукоч, Предраг Стојаковиќ, Жарко Паспаљ, Саша Даниловиќ и многу други.
Освен кошаркарите од бившојугословенските простори, најавено е дека на Дивац подршка ќе му дадат и познатите НБА ѕвезди Крис Вебер, Боби Џексон, Хидајет Туркоглу, Грег Попович и др.
Дивац својата НБА кариера ја започна во 1989 година во Лос Анџелес Лејкерс каде ги помина првите седум сезони. Освен за Лејкерси, Дивац успешно настапуваше и за Шарлот Хорнетс и Сакраменто Кингс, за да кариерата ја заврши повторно во Лос Анџелес пред 3 години.
ohridnews