Познатиот југословенски и српски кошаркар и НБА ѕвезда Владе Дивац доби црногорски пасош, кој денеска му го врачи премиерот на Црна Гора во неговиот технички мандат, Дритан Абазовиќ.

Ни претставува голема чест и задоволство што имаме можност да врачиме црногорски пасош на една легенда на светската кошарка, како што е Владе Дивац, изјави Абазовиќ.

Дивац се заблагодари за доделениот пасош и истакна дека тоа емотивно многу му значи.

Тој рече дека неговите предци потекнуваат од Црна Гора и дека со оглед на тоа што последните неколку години најмногу ги поминал во Луштица, Црна Гора за него претставува втор дом, соопшти Владата на Црна Гора.

OhridNews