До преуредувањето на Домот на АРМ каде привремено ќе биде сместен новиот универзитет наставата на идните информатички инжењери се одвива на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, оттаму што новата високообразовна институција се уште нема свои простории.
-До крајот на оваа година Универзитетот за информатички технологии треба да се пресели во новиот објект кој сега се реновира во центарот на Охрид, истакна министерот Ивановски.
Во некогашниот Дом на АРМ новиот Универзитет исто така ќе биде сместен привремено, до изградбата на модерниот кампус на просторот на касарната, кој како што истакна Иваноски ќе се гради неколку години.
– Поголемиот проект кој предвидува изградба на супер модерен кампус, со спортски сали, студенстски домови, модерни кабинети за настава ќе започне да се реалзира наредната година, а бидејќи треба да има идејно и градежно решение тоа ќе потрае две три години. Тоа е голема инвестиција, а наша интенција е тоа да биде квалитетно изработено. Предвидено е овој универзитет за биде супермодерен, за што е потребно малку повеќе време, додаде Ивановски.
Министерот Иваноски посочи дека кадарот што ќе излегува од овој Универзитет ќе биде поткован со знаење, подготвен веднаш да се вклопи во стопанството и на тој начин да придонесе за натамошниот економски развој во земјата, без притоа да се оптеретува приватниот сектор со дополнителни надградби, каков што е случајот со некои други високообразовни установи.
Во првата академска година на универзитетот за информатички технологии се запишаа седумдесетина од предвидените 125 студенти.