Премиерот Никола Груевски изрази задоволство од формирањето на групата „Пријатели на Македонија“, формирана во Европскиот парламент, од значајна бројка на европарламентарци, главно од десницата, односно од Европската народна партија, чиј член е и ВМРО-ДПМНЕ, но и од членови од други политички партии во Европарламентот.

Групата „Пријатели на Македонија“ е проект на кој како Влада подолг период работевме, го подготвуваме и преговаравме со луѓето. Тоа се во основа наши пријатели. Задоволен сум, бидејќи на првиот состанок тие повикаа за брзо и неодложно започнување на преговорите на Република Македонија со Европската унија. Тоа значи дека препознаена е работата на сите институции во државата, препознаен е напредокот и валориризан е трудот што го дадоа сите граѓани на Македонија за земјата да се приближи нанапред, изјави Груевски.

OhridNews