Владата во Латвија, која се бори со светската криза, не се нашла кај многу Латвијци на пописот за испраќање честитки, што, како што може да се претпостави, и не и смета премногу бидејќи сама себеси си забранила испраќање на божиќни честитки.

Во рамки на  мерките за намалување на јавната потрошувачка, од државните институции ќе бидат испраќани само електронски честитки за Божиќ и Нова Година, освен ако некои оддели не добијат посебна дозвола за испраќање на традиционални печатени честитки.


Работниците од јавните служби кои се надевале дека ќе се прегрнат со своите колеги, или колешки, за Божиќ, исто така ќе се разочараат бидејќи Владата забранила трошење пари на службени празнични забави по канцелариите.

Поради намалување на потрошувачката во јавните институции во Латвија веќе стотици работници ја изгубиле работата. Меѓу останататите мерки е и ограничување на бонусот и парични награди, службени патувања и натпревари.