Владата на одредено време ќе ја пролонгира реализацијата на повеќе проекти како што се изградбата на спортски сали, купување двокатни автобуси за градот Скопје и Охрид, како и купување на амбасади во странски држави и повеќе пректи во МВР и Министерството за одбрана.

Ова се само дел од новиот пакет мерки за ублажување на последиците од светската економака криза на владата која денеска го усвои и ребалансот на буџетот. Премиерот Груевски објасни дека буџетот ќе биде намален за околу 10 проценти, а предвидени се намалувања и на приходната и на расходната страна. Буџетскиот дефицит Владата го проектираше на 2,8 проценти кој ќе се финансира со кредити од странство.

Новиот пакет опфаќа 70 антикризни мерки, кредитна поддршка на фирмите, преку кредитна линија на Европската инвестициона банка од 100 милиони евра и мерки за олеснување на извозот. Владата најави и мораториум за нови вработувања во државната администрација и намалување на трошоците во работењето и замрзнување на платите на јавната администрација.

Владата информираше дека новиот пакет мерки засега не предвидуваат склучување аранжман со ММФ.

Ohridnews