Во ОК на ВМРО- ДПМНЕ конечно треба да сфатат дека за носење страански инвестиции задолжена е Владата на Република Македонија,  а не градоначалникот Александар Петрески. Ова е одговорот кој пристигна од кабинетот на градоначалникот по најновите обвинувања на ВМРО- ДПМНЕ дека за шест години Петрески не обезбедил ниту една инвестиција за Охрид.

– Наместо да ја замајуваат јавноста со фрлање на вината кон Петрески, прашањата за немањето странски инвестиции во Охрид и Македонија нека му ги постават на нивниот премиер Никола Груески. Градоначалникот Петрески има надлежност да го промовира Охрид и тоа успешно го прави. Извршната власт на чие чело се луѓе од  вашата партија е таа која треба да создаде амбиент, зошто и натаму никој нема да инвестира во „ банана- држава“ каква што Македонија ја направи Владата на ВМРО- ДПМНЕ, стои меѓу другото во реакцијата објавена од кабинетот на градоначалникот.

OhridNews