Владата на Република Македонија усвои пакет мерки за справување со последиците од глобалната криза. Премиерот Груевски денеска информираше дека Владата ќе интервенира со 330 милиони евра  за да ги ублажи последиците од финансиската криза во Македонија.

Слични пакет мерки усвоија и владите на државите во регионот. Иако владини претствници до неодамна тврдеа дека светската финаснсиска криза нема ја погоди Македонија во голем обем,  државата сега стравува од последиците на финансиското цунами.

Владините мерки за ублажување на евентуалните последици од светската финансиска криза во реалниот сектор во Македонија предвидуваат: четиригодишно мирување и отпишување на обврските на фирмите по основ на придонеси за задолжително здравствено осигурување, отпис на каматите по основ на персонален доход, данок на добивка, ДДВ, данoци на имот и придонеси за пензиско осигурување под услов обврзниците во целост да го намират главниот долг, плаќање на даночен долг на рати, оданочување на добивка  само ако е распределена во дивиденди, намалување на царините пред се за суровините и пониско оданочување на земјоделците. Образложувајќи ги мерките што го донесе Владата, премиерот Груевски  појасни дека обврските по основ на придонеси за здравствено осигурување ќе бидат во мирување во наредните четири години, по што, доколку редовно се сервисираат тековните обврски, тој долг во целост ќе биде отпишан.

Поради светската економска криза владата не ги прифати  барањата на Синдикатот на вработените во образованието, науката и културата кои четврти ден штрајкуваат за поголеми плати. Потврда дека кризата тропа на вратите на Македонија се усвоените пакет мерки во висина од 330 милиони евра за справување со последиците од финансиската криза.

Ohridnews