Владата на Република Северна Македонија на денешната седница, со која претседаваше премиерот Заев, донесе одлука со која се разрешуваат седумдесеттина директори на јавни претпријатија и установи, на акционерски друштва во државна сопственост, на совети и на управи.

Меѓу разрешените е и директорката на НУ, Завод за заштита на споменици на културата и музеј Охрид Елеонора Новаковска.

На нејзино место назначен е вршител на должност од редот на вработените.

OhridNews