Владата попладнево во 14 часот ќе одржи седница, на која, меѓу другото, ќе биде разгледана актуелната состојба со Ковид 19 и мерките за справување со здравствената криза кои ги предлага Комисијата за заразни болести.

На оваа седница Владата треба да донесе одлука дали ќе биде продолжен полицискиот час, во кој обем и на кои места, со оглед дека во моментов има повеќе жаришта на коронавирус во земјата.

OhridNews