До крајот на оваа учебна година учениците Македонци да учат во една, а учениците  Алабанци во друга зграда е предлогот на владата за надминување на едномесечните тензии во средношколските центри во Струга.

Половина Влада денеска беше во Струга во обид да се изнајде решение за едномесечниот бојкот на наставата на учениците Македонци кои бараат воведување јазични смени во средните училишта “Нико Нестор” и “Ибрахим Темо”.

Владиниот тим во кој беа вицепремиерот Зоран Ставрески, министерот за образование Сулејман Рушити, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, во Струага имаа повеkе часовни интензивни средби со со локалната власт, училишните раководства, родителите и учениците.

За нивниот предлог утре  треба да се изјаснат учениците и родителите, од што зависи дали наскоро овде состојбата ќе се нормализира. “Со ова решение на краток рок ќе се постигне  компромис меѓу двете страни, Македонците кои бараа поделени етнички односно јазични смени и Албанците кои сакаа да продолжат да учат во заеднички смени”, изјави по Шестчасовната средба вицепремиерот Ставрески.

Во обид да ги незадоволните  родители и ученици,  Владата понудила за идната учебна година во Струга да се обезбеди уште една зграда каде ќе се смести едно од двете средни  училишта, со што воедно ќе се надминат и просторните проблеми.

Како што се дознава, министерот за образование Сулејман Рушити, и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко биле против етничките смени. По средбите со локалната, родителите и учениците, Рушити, рече дека владиниот тим не дошол во Струга да казнуваат ученици поради отсуство од наставата, туку да даде гаранции за нормална и безбедна настава.

За валадиниот предлог сега треба да се озјасбнат родителите и учениците од што зависи решавањето на стршукиот средношколсаки проблем.

ohridnews