Владата во Малезија им нуди на паровите со брачни проблеми втор меден месец за да се обидат да ги решат своите проблеми. На паровите државата ќе им плаќа тридневен одмор. Еден владин службеник изјавил дека проектот е осмислен за да се решат семејните проблеми и да се створат семејства кои ќе бидат пример за младите.


Платениот одмор ќе можат да го користат само оние парови кои претходно се обиделе да ги решат своите проблеми кај брачни советници. Експерименталниот проект со 25 пара дал позитивни резултати бидејќи голем дел од нив успеале да ги надминат своите проблеми.