Владата донесе одлука за целосно покривање на трошоците за сместување и превоз на семејствата на повредените лица кои се лекуваат во странство. За побрза и поефикасна комуникација во таа насока е отворена и телефонска линија, а бројот е 070/270-370.

Ова е најмалку што можеме да направиме во овие тешки и болни моменти. Воедно, информираме дека Владата и Министерството за надворешни работи и трговија се во постојана комуникација со семејствата на повредените кои во моментот се лекуваат во други земји, но и оние кои тековно се испраќаат, посочуваат во соопштението.

Во прилог броевите

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија:

075/273-732

075/268-736

Турција-Анкара

+90 5316579200

+90 5335725684

Турција -Истанбул

+90 542 810 99 78

+90 552 561 80 09

Грција -Атина

+30 6944190134

+30 6947736602

Грција-Солун

+30 694 525 8536

Бугарија

+359 876123768

+359 876112993

+359 889210005

Србија

+381 601382942

+381 601427455

Унгарија

+363 03037377

Литванија-Полска

+48 608141191

Австрија

+436644680520

+436767069209

Словенија

+386 41 353 198

+386 40 800 747

Хрватска

+385 99 524 4741

+385 91 608 2944

Норвешка

+47 406 31 613

+47 922 34 630

Италија

+39 3384079247

+39 3518504187

Полска

+48 608 141191

Шведска

+46 701844605

+46 768792019.

Во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани, и во знак на почит на загинатите жртви, повредените и нивните семејства ги замолуваме медиумите да се воздржат од објавување на шпекулации и дезинформации, се со цел да не создаваме дополнителна болка и стрес на јавноста. Бројот на жртви во пожарот во Кочани е 59, за жал млади луѓе кои на трагичен начин ги изгубија своите животи. Но, одредени медиуми повикувајќи се на разно разни непроверени извори шпекулираат со бројот на починати и дополнително допринесуваат за вознемирување на јавноста, додаваат во соопштението.

OhridNews