Со новиот ребаланс на буџетот Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата.

Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година. Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените. Со овој пакет К15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата, посочуваат од Владата.

На овој начин, потенцираат, Владата покажува конкретна грижа за секој еден вработен во исполнување на нивните права.

OhridNews