Владата нема да се жали на одлуката на судот за човекови права во Стразбур за случајот со здужението на Бугарите во Македонија „Радко“, јави телевизијата А1.

Судот пресуди во корист на „Радко“ кој ја обжали одлуката на македонските судови кои го оспорија неговото делување и и наложи на македонската држава на здружението да му исплати отштета во висина од 5000 евра.

Од здружението чие седиште е во Охрид, охрабрени од одлуката на судот во Стразбур  се погласно најавуваат дека ова лето „Радко“ ќе се пререгистрира во политичка партија, а како можен датум за промоција се најавува Илинден, 2-ри Август.

И додека „Радко“ најавува политичко делување во Македонија, на партијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден и покрај позитивниот исход од тужбата на меѓународниот суд во Стразбур сеуште не и се дозволува судска регистрација на партија и покрај повеќегодишните обиди за тоа.

Ohridnews