На 98 седница на Владата на РМ, ја разгледа и усвои Информацијата за обезбедување на финансиски средства за подготовка на тендерска документација за издавање на управувањето со комунален отпад во Југозападен, Пелагониски, Вардарски и Југоисточен плански регион под концесии.

Владата информираше дека се обезбедени средства од ИПА фондовите за изградба на регионални депонии за управување со цврст отпад. Во Југозападниот плански регион и покрај противењето на локалното население, предвидената локација за регионална депонија останува општина Дебрца. Но, советот на општина Дебрца не прифаќа депонијата да се гради во атарот на село Годивје, како што  е предвидено со планот и нема донесено таква одлука. Истата ситуацијата е со општина Росоман.

Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да ја продолжи постапката за информирање на општините Росоман и Дебарца за позитивните ефекти од изградба на регионалните центри на нивната територија, до конечно потпишување на Одлуките од страна на Советите на овие општини. 

Влада на РМ

Владата најави дека со овие општини ќе се разговара да им се укаже дека избраните локации се најсоодветни и дека треба да се изградат предвидените депонии, во спротивно ќе се изгубат обезбедените средства од ИПА фондовите.

Во април оваа година во Дебрца се одржа голем народен собир против изградба на регионална депонија на ова подрачје, на кој беше  најавено дека локалното население со сите средства ќе се спротистави на реализацијата на предвидениот проект.

OhridNews