Владата на Република Македонија, денеска ќе одржи редовна седница на која меѓу другото се очекува да се расправа и за статусот на крајбрежјата. Според најавите на министерот за животна средина, Имер Алиу, Владата ќе ги поништи решенијата за давање на крајбрежјата на општините што ги донесе минатата влада.
Имер Алиу
“Очекувам владата на денешната седница да ги поништи решенијата за издавање на плажите под концесија“, рече Алиу. Доколку одлуката за издавање на крајбрежјето под концесија биде поништена, под знак прашање ќе се доведе отпочнатата процедура за издавање на охридските плажи. Локалната неодaмна соопшти дека веќе се изработени повеќе планови за издавање на плажите кои треба да бидат доставени на разгледување до Министерството за животна средина и просторно планирање. Градоначалникот Петрески во изјава дадена минатата недела рече дека сеедно е дали плажите ќе ги издава општината или државата, и најави дека тие ќе бидат уредени и подготвени до почетокот на наредната туристичка сезона.