Некои држави во Америка одобрија продажба на канабис за медицински потреби, а ним им се придружија и некои европски држави, како Германија. Но, Шри Ланка отишла чекор подалеку.
Имено, владата на Шри Ланка планира да отвори сопствена плантажа за одгледување на марихуана. Причината за тоа е недостатокот на квалитетен канабис кој се користи во медицината. Плантажата би требало да биде 8 хектари, а годишно ќе се одгледуваат 4 тони канабис.
Владата на Шри Ланка не планира да го одобри одгледувањето на марихуана се додека не се осигура дека ситуацијата нема да излезе од контрола.
Според многубројни студии, канабисот делува позитивно кај пациенти кои имаат големи болки, но од неодамна е докажано и дека штетно делува на менталните способности.