Кубанската влада нуди додатоци за пениси во склоп на една програма низ целата комунистичка земја. Кубанските медиуми соопштуваат дека силиконските и сребрените пениси ќе станат нормална работа во државата. Мажите од седумте кубански провинции ќе можат да се подвргнат на зафат кој ќе го изведе урологот Хуан Карлос Јип.
Скапоцениот потфат, ексклузивен само за најбогатите земји, ќе биде извршен над пациенти чии сексуални проблеми не реагираат позитивно на традиционалните третмани. Први на ред ќе бидат мажите постари од 40 години кои имаат дијабетис или проблеми со циркулацијата.