Владата на Република Македонија одвои 206 илјади денари за проектот „СИДА, дрога, секс и рок & рол“ што ќе го реализира Младинскиот совет од Охрид.
Стартот на борбата против пороците е закажан по новогодишните и божиќните празници.
Оваа невладина организација, преку средби, дружење и забава, на основците и средношколците од општинава ќе им доделува едукативни материјали.
Целта е младите охриѓани да се запознаат со последиците од конзумирањето на различните видови дроги, алкохол и тутун, како и со опасностите што ги носи практикувањето небезбеден секс.
Ohridnews