Преспансското Езеро се суши
„Она што изгледа драматично всушност е последица на долгогодишната суша и природен процес“, вели државниот секретар во Министерството за животна средиона Дејан Паноски. Тој информираше дека е составена информација за релната состојба на езерата и можните зафати за подобрување на хидролошката состојба особено на Преспанскоо Езеро, која ќе биде рагледана на денешната седница на владата.
Покрај природниот процес, големо влијание врз намалениот водостој на Преспанското Езеро има и неконтролираната употреба на вода од страна Македонија, Грција и Албанија, сметаат надлежните. Научната јавност пак предупредува дека Македонија најитно треба да го ревидира билатералниот договор со Албанија за испуштање на вода од Охридското Езеро за потребите на електросистемите, за и ова езеро да не ја доживее судбината на Преспанското.