„Министерството за финансии утре на првата седница на Владата ќе разговара за да се даде дополнителен рок за продолжување на откуп на дворното земјиште по цена од едно евро по метар квадратен“, изјави Зоран Ставрески, министер за финансии. Тој рече дека на седницата ќе бидат предложени две алтернативи, но не информираше кои се тие.
„Ќе почекаме до утре сепак владата го има последниот збор едната ќе биде пократка, а другата подолга. Владата ќе оцени која од овие две алтернативи ќе ја прифати“, изјави министерот.
Министерството за финансии информираше и дека откако е започнат проектот, барање за откуп на земјиштето поднеле 102.114 граѓани, од кои 100.338 се физички, а останатите правни лица.
извор: Makfaks