– Веднаш штом таа Комисија за проценка на штетите ќе излезе со податоци, Владата на Република Македонија ќе пристапи кон постапката за обештетување на сите граѓани, семјества и домови погодени од овие настани, истакна Наумоски.
Пратеникот Николовски најави дека заедно со општинската организација и градоначалникот, кога ќе се врати во Охрид, ќе работат за решавање на проблемот со уредувањето на коритото на реката Грашница.
– Како што сме запознаени од граѓаните, се работи за нестручно и непланско поставување одводни цевки на реката, што доведе до поплавувања. За жал, тие се поставени без соодветна документација и експертски елаборат, што доведе до излевање на водата и полавување, рече пратеникот Николовски.
Николовски истакна дека се изгубени десетина исклучително значајни денови на процедурата за проценување на штетите, поради отстуството на градоначалникот Александар Петрески, кој се наоѓа на службени патување во Австралија.