Владата на Република Македонија на вонредна седница што се одржа доцна синоќа донесе одлука ургентно да донира 10.000 евра за храна, кујнска и друга опрема за монасите од манастирот Св. Јован Бигорески кој вчера беше делумно опожарен. Во огнената стихија до темел изгореа кујната, трпезаријата, старииот конак и собите на монасите, кои за среќа неповредени го преживеаа пожарот.

На вонредната седница Владата донела и одлука да се изработи проект за возобновување на опожарените делови од манастирот Св. Јован Бигорски.

Ohridnews