Владата на Јужна Кореја им наредила на своите граѓани да одат дома и да прават деца. Во министерството за здравство ќе се угасат светлата наредната среда во 19 часот за да ги поттикнат вработените да одат дома. Експериментот ќе се повторува секој месец за да се подигне наталитетот во земјата, за кој е задолжено токму министерството за здравство чии вработени треба да бидат пример за другите.
Сите оние кои ќе добијат повеќе деца ќе бидат парично наградени. Но, критичарите велат дека ова не е решение за проблемот. Според нив проблемот лежи во образованието на децата поради што брачните парови за потомство се одлучуваат во поодминати години.