Концесијата е на 20 години, а „ТАВ” најави инвестиција од околу 200 милиони евра. Со договорот се предвидува реновирање на аеродромот во Охрид, кое како што е најавено ќе трае 12 месеци. Скопскиот аеродром ќе се реновира 24 месеци, а изградбата на карго аеродромот во Штип ќе трае 36 месеци.
Турската компанија ТАВ ги управува трите најголеми аеродроми во Турција, во Истанбул, Анкара и Измир, додека надвор од земјата работи со три аеродроми во Тунис, два во Грузија, додека го реконструира и аеродромот во Каиро и во Катар.