Штрајкот на вработените во образованието, науката и културата ќе продолжи и денеска откако Владата и СОНК на средбата одржана вчера попладне не постигнаа договор за прекин на протестот.
Претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски, соопшти дека имал средби со претставници на Владата, но дека се уште нема договор за синдикалните барања и за прекин на штрајкот.
Од СОНК изразија надеж дека разговорите ќе продолжат и дека ќе се најде решение.