Владиниот фудбалски тим одигра нерешено 4:4 против екипата составена од бизнисмени од групацијата „Македонија 2025“ во ревијалниот натпревар што попладнево се одигра на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.


Груевски двоен стрелец


по 4 гола на двете страни

Двоен стрелец за Владата беше премиерот Никола Груевски кој го носеше дресот со број десет во нападот. На спротивната страна се истакнаа синовите на познатиот македонски бизнисмен Мајк Зафировски кои постигнаа 2 гола.


Министерот Милошоски имаше проблеми со горната ложа

Ревијалниот фудбалски натпревар помеѓу екипите на Владата и групацијата на бизнисмени кои работат во странство „Македонија 2025“ се одигра во рамки на манифестацијата “Заедно дома во Макдонија“ што од 1 до 7 август се одржува во Охрид.


бизнисмените јаки ама владата моќна


Во натпреварувачкиот дел селекциите на иселениците од В. Британија и Србија ќе се сретнат во финалето на трунирот кое ќе се игра на “Билјанини Извори “ во вторник. Супер финалето во кое ќе се сретнат најдобрите од дијаспората и екипа на ФФМ се игра во среда.

Организаторот на манифестацијата е Здружението на македонците од светот “КОРЕНИ“.



Г.М.