Владата на 147 седница одржана вчера, го усвои и Предлог-законот за медијација и донесе одлука да биде испратен на усвојување во Собранието.
Целта на Предлог Законот за медијација е приближување на земјата кон Европската унија, која пак во ситуација на разрешување на конфликтни и спорни ситуации, акцентот го става на алтернативното решавање на споровите и медијацијата како еден од нив.
Со унапредувањето на законското решение ќе се овозможат услови за успешна примена на законот во пракса, ќе се овозможи воедначена примена на законските одредби од страна сите медијатори, ќе се промовира медијацијата и резултатите од нејзината примена, информира Владата.
OhridNews