Владата го прифати мислењето на Министерството за здравство за доследна примена на Законот за заштита од пушњето со што уредите за загревање на тутун и електронските цигари смеат да се користат во затворени јавни простории согласно важечките законски прописи.

 

Користењето на несогорливите производи од тутун, уредите за нивно загревање и електронските цигари не претставува пушење и следствено овие производи не потпаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето, односно истите може да се користат и во затворениот дел од јавните простории. Ова оттаму што, според оваа одредба пушењето е дефинирано како „поседување или користење на тутунски производ кој согорува, без оглед дали чадот активно се вдишува или издишува“, се вели во соопштението од Министерството за здравство. 

Според Законот, производителите и увозниците треба да обезбедат мислење од наставно- научна институција дeка при користење на уредите за загревање на тутун не настанува процес на согорување што понатаму треба да се достави на увид до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Државниот инспекторат за земјоделство.

 

OhridNews