Владата на РС Македонија согласно донесениот Закон за претварање на побарувањата на РСМ по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во ЈП Колекторски систем, преземениот долг од МЈП Проаква во вредност од 281.314.175,00 денари го трансформиран како сопственички капитал на Владата во ЈП.
Ова преставува огромно олеснување за билансите на ЈП Колекторски систем и придонесува кон значително подобрување на ликвидноста и можност за непречено функционирање, а со тоа и повеќе средства за тековно одржување и инвестирање во застарениот систем, информира ЈП Колекторски систем.
Благодарение на Владата на РС Македонија преку оваа постапка се ослободуваат од обврска Општините Охрид и Струга што понатаму ќе доведе до деблокирање на нивните сметки и можност за нормално работење на истите, посочуваат од јавното претпријатие.
Г.М.