Во наредниве десетина дена со комерцијален оглас кој ќе биде објавен во домашните и во „Фајненшл Тајмс“ и „Економист“, Владата ќе привлекува инвеститори за аеродромите во Охрид, Скопје и неизграденото воздушно пристаниште во Штип. Веста за издавањето на аеродромите под закуп лично ја соопшти министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.
Тендерската постапка ја подготви меѓународната консултантска куќа НАКО, која ја изработи стратегијата за модернизација на аеродромите во Скопје и Охрид. Според препораките на консултантот НАКО, за македонските аеродроми да станат како европските потребни се околу 120 милиони евра. Со студијата се препорачува на охридскиот аеродром да се обнови пистата, доопремување на карго терминалот но и да се зголеми капацитетот за прифаќање на поголем број патници.
Доколку се испочитуваат роковите за тендерот се очекува дека кон крајот на мај годинава да се знае која ќе управува со македонските аеродроми.
Владата го распиша тендерот за издавање под концесија на Охридскиот аеродром
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com