Спортските сезони во фудбалот, ракометот и останатите спортови кои минатиот викенд беа прекинати ќе продолжат, откако Владата на седницата која се одржа на 3 ноември го промени протоколот за одржување на спортски настани. Владата ја избриша спортната точка во која стоеше дека спортистите задолжително треба да се тестираат 72 часа пред натпревар, на трошок од клубовите.

Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, за престанување на важење на препораката по однос на задолжително PCR тестирање на играчите и тренерите 72 часа пред почетокот на секој натпревар. –  стои во записникот од Владата.

 

Викендов официјално ќе се рестартираат натпреварите во Првата и Втората македонска фудбалска лига, а ракометните возбудувања ќе продолжат после репрезентативните обврски на Македонија. Кошаркарската сезона започна минатиот викенд и таа воопшто не беше стопирана.

OhridNews