Законот за извршување, кој предвидува присилна наплата на сметките од граѓаните , нема да се применува од први јули. Ова вчера го најави премиерот Никола Груевски, објаснувајќи  дека оваа одлука се заснова на фактот дека  во моментов не постојат услови за спроведување на истиот.

-Веќе имав разговор со група пратеници од мнозинството во парламентот кои ќе покренат иницијатива за пролонгирање на овој закон, за да се избегне неговото имплементирање во услови на оваа светска економска криза, изјави Груевски.

Ова е второ пролонгирање на стапувањето на сила на законот. Првиот пат беше пред година ипол. Новиот закон за извршување предвидува извршителите присилно да наплаќаат долгови за сметки за струја, парно, телефон. Доколку немаат пари на сметка, на должниците е предвидено да им се конфискува покуќнината. Решенијата за извршување, наместо судовите, ќе ги носат нотарите.

OhridNews