Постапката за издавање на плажите под концесија што ја иницираше локалната самоуправа се враќа на почеток, откако владата констатирала незаконитости во постапката за издавање на крајбрежјето на општините Охрид и Струга.


државата не го дава крајбрежјето

“На последната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за незаконитоста на договорите за основање на права за долготраен закуп на градежно земјиште со непосредна спогодба склучени помеѓу Министерството за транспорт и врски и општините Охрид и Струга“, ни изјави владиниот портпарол Ветон Ибраими. Владата му наложи на министерството за транспорт во рок од 15 дена да изнајде начин за спогодбено раскинување на договорите, рече Ибраими.


седница на владата

Тој информираше дека незаконитоста се состоела во тоа што претходната влада, која ги склучила договорите со општините во месец јули 2006, немала право да го издава земјиштето под закуп на општините, туку тоа требало да им биде понудено на правни и физички лица.

Според Ибрамими, целокупната постапка сега ќе биде вратена во Министерството за транспорт кое ќе распише нов тендер за издавање на крајбрежјето на охридската ривиера, на кој како што рече тој, ќе можат рамноправно да се пријават сите заинтересирани правни и физички лица.