Со цел да се ублажат ефектите од растот на цената на нафтата на светските берзи, Владата на РМ донесе одлука за намалување на акцизата на безоловниот бензин за 4, а на дизел горивото за два денари по литар.
За 0.5 денари се намалува и надоместот за задолжителна резерва на нафта, информираше Владата.
Вкупно цената на безоловниот бензин ќе се намали за 4,5, а на дизел горивото за 2,5 денари по литар.