По критиките и жалбите од реалниот сектор, дека мерките за помош на стопанството за ублажување на последиците од кризата предизвикана од коронавирусот, не се доволни и не можат да ги искористат голем број компании поради административни пречки, Владата преку министерката за финансии Нина Ангеловска најави измени на одредени критериуми во Уредбата за финансиска помош на бизнисот.
Тие се однесуваат на користењето на помошта за малите бизниси и за сопствениците на фирмите, а се скратува и времетраењето до кога фирмите корисниците на помошта мора да ги задржат вработените.
Денес на владина седница донесовме измена на уредбата. Делуваме во насока на поддршка на стопанството и задржување на секое работно место. Се трга условот управители и сопственици на бизнисите вработени во истите да не може да ја користат мерката (а во насока на заштита на микро и малите фирми). Бројот на вработени треба да се задржи 2 месеци по користење на мерката односно до јули 2020. – напиша на Фејсбук министерката Ангеловска.
Се за мерката 14.500 плата по вработен
Мерката 14.500 денари поддршка за фирмите и самостојните вршители на дејност има за цел да им помогне финансиски на сите погодени од коронакризата да ги задржат работните места. Деновиве излегоа повеќе дилеми – да ги објасниме сите овие прашања.? Што значи мерката 14.500 денари плата по вработен? ? На кого се однесува мерката 14.500 денари плата по вработен? ? За кои работници може да се аплицира за мерката 14.500 денари по вработен? ? Како може да се аплицира за мерката 14.500 денари плата по вработен? ? Дали мерката 14.500 денари плата по вработен се однесува и на самостојни вршители на дејност? Погледнете во видеото ? ? ?
Geplaatst door Nina Angelovska op Donderdag 9 april 2020
OhridNews