Владата редовната 7 седница вo 2020 година е предвидено да ја одржи на 10 февруари во Охрид, како петта од серијата седници што се одржуваат во 10 различни региони во земјата.
Централна точка на дневниот ред на оваа седница е информацијата за состојбите и за извршените посети во општините Охрид, Струга, Ресен, Вевчани и Дебрца.
Во рамките на оваа точка градоначалниците на овие општини ќе презентираат информации од интерес на граѓаните и ќе информираат за одредени прашања и проекти од плановите за работа на локалните заедници од прва рака, и согласно тоа, на седницата ќе се дадат насоки за политики и одлуки за проекти кои можат да се реализираат во соработка меѓу локалната и централната власт, инфоемира владината прес служба.
OhridNews