Владата денеска ќе расправа за предлогот на Комисијата за заразни болести за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тестирање.

Според анализите на Комисијата, во моментов нема индикација, односно висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите. – соопшти мионистерот за здравство Филипче.

Најавата за отворање на границите со соседните држави доаѓа во период кога државата најавува нови рестрикции заради зголемување на бројот на новозаразени од Ковид 19.

OhridNews