По повод загинувањето на припадниците на безбедностите сили на Министерството за внатрешни работи во полициската акција за откривање и разбивање на поголема вооружена терористичка група во Куманово, Владата на Република Македонија на вонредна седница донесе одлука според која денес, 10-ти мај и понеделник, 11-ти мај се определуваат како денови на жалост.
На Деновите на жалост, знамето на Република Македонија ќе биде истакнато на половина копје.
OhridNews