Откако странските инвеститори не покажаа особен интерес за државниот капитал во охридски ЕМО, Владата денеска ќе бара начин за продожба на својот дел во оваа компанија.

На неодамна распишаниот тендер единствено интерес за ЕМО покажа бугарската компанија „Енергомонт“, но од охридскиот производител на електро опрема велат дека овој купувач не вреди ни 2% од цената на ЕМО.

Менаџментот на компанијата како што пренесе телевизијата Канал 5 тврди  дека друга, германската компанија „САГ“ лобирала и кај нив и кај премиерот Груевски да и се даде време да го скенира ЕМО и дополнително да достави понуда за купување.

Од Владата пак велат – досега таква средба не била реализирана.

Г.М.