Англискиот премиерлигаш Евертон доби зелено светло од Владата на Велика Британија за изградба на нов стадион, со капицитет од 52 000 седишта, кој ќе треба да биде готов до крајот на 2024 година.
„Карамелите“ после изградбата на новиот стадион ќе заминат од „Гудисон Парк“ и ќе се преселат во населбата „Бремли Мур“ која се наоѓа на обалата во Ливерпул. Евертон на „Гудисон Парк“ игра од 1892 година, а клубот повеќе од 25 години бараше дозвола за изградба на нов и модерен стадион.
Проектот вреден стотици милиони евра навивачите го прифатија со воодушевување, а изградбата на стадионот ќе отвори нови 15 000 работни места.
OhridNews