Владата на денешната 31 седница го продолжи рокот на одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки донесена на 26-тата седница од 11 март, со што ограничувањето за извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед, е продолжено до 15 април 2022 година.
Целта е заштита на домашниот пазар и граѓаните во време на криза, избегнување шпекулативни дејства на трговците и производителите и заштита на домашното производство, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.
Приоритет на нашата Влада е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да се одржи економска стабилност, наведува министерот.
Тој потсети и дека Владата донесе и Одлука за ограничување на извозот на одделни стоки, според која, почнувајки од 10 март, се ограничува извозот на одделни стоки до 20 март 2022 година со цел да се оневозможи нивен извоз со забрзана динамика на штета на домашниот пазар.
OhridNews